ПОЛНЕТИ ЦРВЕНИ ДОМАТИ

Потребни состојки:

· црвени домати
· сирење со Знак за квалитет
· јајца
· пиперки
· кромид
· моркови
· магдонос
· лук
· сол, црн пипер, Зачинал

Начин на приготвување:

Најпрвин доматите се чистат од средината и се полнат со по едно живо јајце. Одозгора се ренда сирење, а од страните се ставаат малку потпржени пиперки, кромид, рендан морков, магдонос, лук, сол, црн пипер и вегета. Се додава малку вода и се става да се динстува на тивок огин.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија