ПОЛНЕТО ТЕЛЕШКО

Потребни состојки:

· 800 г телешка удина
· 100 г мортадела со Знак за квалитет
· 50 г овчо старо сирење со Знак за квалитет
· 1 главица кромид
· 2 моркова
· 2 парчиња леб
· 2 јајца
· млеко со Знак за квалитет
· магдонос
· главица целер
· црн пипер
· сол

Начин на приготвување:

Најпрвин се сечкаат 100 г мортадела, 50 г овчо сирење, 1 главица кромид, 2 моркова, магдонос и целер. Се матат 2 јајца и малку млеко и во тоа се натопуваат 2 парчиња леб кои се додаваат во претходната смеса, заедно со сол и црн пипер. Со подготвената смеса се полни месото кое треба да биде исечено како џеб. Откако ќе се наполни, се врзува со конец, се става во подмачкано тавче, се прелева постепено со млака вода и се пече околу 2 часа. Се служи ладно.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија