ШНИЦЛИ ЕСТЕРХАЗИ

Потребни состојки:

· 3 - 4 бифтеци
· маст, сол, црн пипер
· 2 китки зеленчук за супа
· 2 главици кромид
· 1 лажица брашно
· 1/4 супа од коцка
· сок од половина лимон
· малку црно вино
· 1/8 литри павлака со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Месото се трие со сол, се мачка со црвен пипер и се пече во рерна, сi додека се вцрви. За време на печењето, одвреме - навреме се премачкува со маст. Исчистениот зеленчук се сече, се сече и кромидот и заедно се пржат во маст. Потоа се додава брашно, се промешува, се додава супа и се вари додека да се згусне. Потоа се цеди, се додаваат сок од лимон, малку вино и павлака, сол и црн пипер и се става во чинија во која ќе се служи. Над сосот се реди месото исечено на шницли.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија