УКРАИНСКИ БОРШЧ

Потребни состојки:

· 500 г телешко месо
· 2 моркова
· 2 - 3 главици кромид
· 2 - 3 компира
· телешка супа (или од коцка)
· целер, магдонос
· црн пипер во зрна
· дафинов лист
· кисело млеко или павлака со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Месото се сече на парчиња (колку половина кутија кибрит), се полева со студена вода и се вари 10 минути, при што постојано се отстранува пената. Супата потоа се цеди, а месото повторно се враќа во течноста. Се додаваат дафинов лист, црн пипер во зрна, целер (сечена главица или листови) и се продолжува со варењето. Во меѓувреме, морковите и кромидот, претходно исчистени, се сечкаат и набрзина се пржат во загреано масло. Потоа кромидот и морковите се додаваат во супата и уште се додава супа од коски или од коцка. Кога боршчот е речиси готов, се отстранува целерот и се додава ситно сечкан магдонос. Врие уште некое време. Се сервира со густо кисело млеко или со кисела павлака.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија