ЗЕЛЕНО - БЕЛА САЛАТА

Потребни состојки:

· 150 г сланина со Знак за квалитет
· 1 кг компири
· 2,5 дл млеко со Знак за квалитет
· 750 г спанаќ
· 2 чешниња лук
· 1/2 чаша павлака со Знак за квалитет
· 50 г свежо рендано морско оревче
· масло, сол, црн пипер

Начин на приготвување:

Сланината многу ситно се сечка и се пропржува во малку масло. Спанаќот се чисти и се обарува во солена вода. Се цеди, потоа се мие со студена вода. Во добро исцедениот спанаќ се додаваат сечкан лук и црн пипер. Компирите дополу сварени се сечат на што е можно потенки тркалца. Во подмачкан огноотпорен сад се реди ред компири и врз секој ред се става сланината во која се додаваат сол и морско оревче. Спанаќот се распоредува како венец на работ на садот. Сe се прелива со сирење помешано со павлака, малку посолено. Се попрскува со масло и се пече 30 - 35 минути на 200 степени.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија