За нас...

Здружението на производители на месни и млечни производи е едно од најголемите здруженија од прехранбената индустрија во Македонија. Основано е во декември 1998 год. и брои повеќе од 50 членови. Здружението обединува преработувачи од месната и млечната индустрија кои се разликуваат по обемот на производство, започнувајќи од мали семејни бизниси, сe до најголемите капацитети од двете индустрии во Републиката. Производствениот капацитет на членовите на Здруженито претставува над 70% од вкупниот призводствен капацитет на двете индустрии во Републиката.


Мисијата на Здружението е да обезбеди поддршка на своите членки во развивањето на конкурентноста на македонската месна и млечна индустрија, преку континуирано претставување на заедничките интереси на членовите пред релевантните институции, и наедно да ги поддржи напорите за унапредување на економските услови за развој на двете индустрии. Истовремено, преку форми на техничка помош од различни аспекти на производството, Здружението обезбедува поддршка за развој на индивидуалните бизниси на членовите.

 

Активностите на Здружението вклучуваат:

Реализација на програмата Знак за квалитет, како средство за постигнување на подобра позиција на домашната месна и млечна индустрија на домашниот и на регионалните пазари, преку развивање на заштитена и препознатлива трговска марка за сертифициран квалитет на месните и млечните производи.

Постојана едукација на своите членови во доменот на технолошките процедури и регулативи, како и од пошироки области на развој на нивните бизниси, менаџмент системи и техники, и маркетиншка ориентација во работењето.

Постојана едукација на своите членови во доменот на технолошките процедури и регулативи, како и од пошироки области на развој на нивните бизниси, менаџмент системи и техники, и маркетиншка ориентација во работењето.

Обезбедување информации за актуелните новости и постигнувања во областа на месната и млечната индустрија, влкучувајќи ги и меѓународната и домашната понуда на опрема за производство, суровини и адитиви, пакување и сл.

Преку наведените активности, Здружението ја поддржува домашната месна и млечна индустрија во настојувањата за афирмација на македонските месни и млечни производи со висок квалитет на пазарите во земјата и во странство, придонесувајќи за вкупниот развој на македонското земјоделство и на прехранбениот сектор.

 

Г-дин Љубомир Дренковски

Управни органи на Здружението

Претседател: Г-дин Љубомир Дренковски
(Пилко, Скопје)

Управен одбор:

  1. Г-дин Љубомир Дренковски (Пилко, Скопје)
  2. Г-дин Миле Бановиќ (Пекабеско, Скопје)
  3. Г-дин Драган Радосављевиќ (Мега, Скопје)
  4. Г-дин Благоја Бајдевски (Екстра Меин, Куманово)
  5. Г-дин Јован Дабевски
    (Здравје, с. Радово, Струмица)
  6. Г-дин Сабедин Рушити (Муневере, Тетово)
  7. Г-дин Слободан Стојковски (Бучен Козјак, Куманово)
  8. Г-дин Даим Зендели (Еко Шар, Тетово)

Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија