Вести...

 
01/12/04

Интернационална награда на Здружението на преработувачи на месни и млечни производи во Македонија

На 1 Декември 2004 год, во Барселона, Шпанија, АСАЕ ја одржа својата наградна церемонија како дел од Саемот ЕИБТМ, каде што Претседателот на Здружението Г-динот Љубомир Дренковски, ја прими наградата на Здружението, како најдобро Здружение во категоријата на Економски Достигнувања за 2003 год. Со цел да се одбележи континуираниот успех, есента 2003 год., Ленд О'Лејкс го номинираше Здружението на преработувачи на месни и млечни производи, на интернационалниот натпревар “ Здруженијата го прават светот подобар”, организиран од страна на АСАЕ ( Американска Асоцијација на Асоцијации), за да се промовира позитивната улога на Здруженијата. “Здружението на млеко и месо преработувачи со своите програми и активности даде голем придонес за општеството и за целокупната македонска економија. Од самиото основање во 1998 год.,со поддршка на Ленд О'Лејкс/УСАИД, Здружението се стремеше кон започнување на позитивни трендови во Македонската месна и млечна индустрија. Понекогаш, патот беше трнлив, но сега резултатите се евидентни... Меѓународна независна организација, ги увиде нашите напори. Нашата Програма Знак за Квалитет, според ова тело, има најголемо позитивно значење во засилувањето на сигурноста, трговската марка и конкурентноста во млечната и месната индустрија во Македонија. Оваа награда е најдобар показател дека ние сме во вистинската насока и дека треба да продолжиме со нашата програма.”, изјави Г-динот Љубомир Дренковски.


12/16/05

03/16/06

VIII Генерално Собрание на Здружението на производители на месни и млечни производи во Македонија

VIII Годишно Собрание на Здружението на производители на месни и млечни производи во Македонија Датум: 16.03.2006 година Место: Хотел “Континентал” - Скопје Дневен Ред 12:45-13:00 Пријавување и регистрација на учесниците 13:00-13:15 Поздравен збор и Извештај за работата на Здружението во 2005 год. - Љубомир Дренковски, Претседател на Здружението 13:15-13:30 Состојбите во месната индустрија - Благоја Бајдевски, Екстра Меин - Куманово 13:30-13:45 Состојбите во млечната индустрија - Андон Чобанов, ИМБ - Битола 13:45-14:00 Кандидатскиот статус на Р. Македонија во ЕУ - влијание, подготовка и очекувања на македонската економија, а посебно на месната и млечната индустрија - Маријан Ивановски, Владата на Р. Македонија 14:00-14:15 Економската политика и активностите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во правец на поддршка на развојот на месната и млечната индустрија на Р. Македонија - Санде Џамбазовски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 14:15-14:30 Улогата на Управата за ветеринарство во развојот на месната и млечната индустрија - Слободан Чокревски, Директор на Управата за ветеринарство 14:30-14:45 Улогата на Дирекцијата за храна во развојот на месната и млечната индустрија - Соња Србиновска, Директор на Дирекцијата за храна 14:45-15:00 Завршни коментари и затварање на Генералното Собрание 15:00 Свечен коктел


04/06/06

Промотивна Кампања Знак за Квалитет Април - Јуни 2006

21.04.2006/петок        СКОПЈЕ         ТИНЕКС маркет - Цветен Пазар 17.00- 20.30 22.04.2006/сабота    СКОПЈЕ            ВЕРО маркет - Тафталиџе    10.30 - 14.30 05.05.2006/петок         СКОПЈЕ         ТИНЕКС маркет - Карпош 17.00 - 20.30 06.05.2006/сабота        СКОПЈЕ         ВЕРО маркет - Аеродром     10.00 - 14.00 07.05.2006/недела            СКОПЈЕ         РАМСТОР маркет - Центар 10.30 - 14.30 12.05.2006/петок         ОХРИД           ТИНЕКС маркет 17.00 - 20.30 13.05.2006/сабота        БИТОЛА        ВЕРО маркет - Васко Карангелевски          10.00 - 14.30 18.05.2006/четврток    ТЕТОВО         ВЕРО маркет  10.30 - 14.30 19.05.2006/петок         КУМАНОВО            ТИНЕКС маркет           17.00 - 20.30 20.05.2006/сабота        СТРУМИЦА  ТИНЕКС маркет           10.30.- 14.30 21.05.2006/недела        СКОПЈЕ         РАМСТОР маркет - Центар 10.30 - 14.30 26.05.2006/петок            СКОПЈЕ         ТИНЕКС маркет - Чаир           17.00 - 20.30 27.05.2006/сабота        КАВАДАРЦИ            ТИНЕКС маркет           17.00. 20.30 02.06.2006/петок           СКОПЈЕ         ТИНЕКС маркет - Ѓорче Петров            17.00 - 20.30 03.06.2006/сабота        СКОПЈЕ         ВЕРО маркет - Тафталиџе    10.00 - 14.30


 


Здружение на месни и млечни производители во Македонија